Репрезентацијата на Шпанија за играчи до 21 година е победник на Европското првенство во фудбал кое вчера заврши во Италија.

Шпанија во финалето ја победи Германија со 2-1, со тоа стана шампион на Европа по петти пат, за играч на натпреварот во финалето е прогласен Даниел Олмо, член на шпанската репрезентација и Динамо Згреб.

Овој млад играч во Хрватска дојде 2014 година како не многу перспективен, Динамо го доби за беспари и сега е ан слатки маки, милионски понуди стигнуваат на адреса на клубот.

Хрватските медиуми најавуваат дека Олмо ќе го сруши рекродот на оваа земја по висина на трансферите, тој сега вреди над 10 милиони евра се проценките во моментов.