Манчестер Јунајтед го претрпе првиот овосезонски пораз во Премиер лигата откако викендов загубо до Астон Вила.

Бруно Фернандес не реализираше пенал за 1:1, Солскјер се жали дека голот кој го постигна гостинот бил од офсајд а навивачите бараат итни промени.

Откако во воведното коло од Лигата на шампионите, Јунајтед загуби од Јанг Бојс во среда во 2 коло на „Олд Трафорд“ доаѓа Виљареал.

Во пресрет на овој меч, во Јунајтед продолжија со акцијата за меѓусебно бодрење и бараат разбирање од навивачите, најчесто издвоена е паролата, заедно победуваме и заедно губиме, што во моментов се покажува како погрешен потег  со оглед на реакциите на фановите на социјалните мрежи.