Манчестер Јунајтед со официјално соопштение до јавноста ги осуди расистичките напади на социјални мрежи упатен кон Пол Погба по синоќешниот дуел со Вулверхемптон кој заврши 1:1 а Погба не реализираше пенал за победа.

„Манчестер Јунајтед има нулта толеранција за било каква форма на расизам или дискриминација. Работиме на случајот да ги идентификуваме инволвираните во ови инциденти и ќе презмеме акции кои ни се на располагање“ – стои во дописот од Јунајтед.

Напаѓачот на „Ѓаволите“, Маркус Рашфорд и новото засилување Хари Мегваер се огласија на личните Твитер профили.

„Манчестер Јунајтед е семејство, Пол Погба е важен член од тоа семејство, Кога го напаѓате него не напаѓате сите нас.“ – вели Рашфорд.

„Oдвратно. Социјалните медиуми мора да преземат нешто. Секој корисник треба да биде проверен преку пасош или возачка дозвола. Мора да се спречат тие патетични тролови кои прават лажни профили за да навредуваат луѓе.“ – напиша Мегваер.