Оваа година во серија „А“ не само што се игра одличен фудбал, туку следиме и фантастични перформанси на навивачите.

Вчерашното големо дерби на градот Милано им припадна на фудбалерите на Интер, кои воскреснаа во второто полувреме, по убедливата негатива во првото.

Но, вчера за дерби беа подготвени и навивачите на двата тима.

Интер направи огромен банер со кој ја покри целата северна трибина. На платното беше прикажан витез кој го победува ѓаволот. На текстот пишуваше: „Ние не ги прекршуваме заветите“.

Тифозите на Милан одговорија со свое огромно платно низ целата јужна трибина. На платното беа нацртани девојки кои разговараат на телефон. На платното имаше и текст: „Бла, бла, бла, така навивате вие, озборувачки од Интер“.