Недоразбирањата меѓу Елиф Елмас и Џенаро Гатузо во Наполи се минато, на вчерашниот тренинг на Наполи двајцата си „ги простиле гревовите“ и со ентузијазам се насочиле кон денешниот натпревар со Лацио во Серија А.

Македонскиот репрезентативец ова го потврди со фотографија на неговиот Инстаграм профил.

Според последните најави од Италија, Елмас се очекува денеска против Лацио да добие најмалку половина час на теренот.