Македонскиот репрезентативец, Влатко Стојановски добива шанса од првата минута во составот на Ним за денешниот дуел со Мец во најсилното фудбалско првенство на Франција.

Дуело на Ним и Мец е пресметка на 18 пласираната и последно пласираната екипа во Лига 1. На последните пет соочувањата на овие два тим Ним победи два пати, еднаш славаше Мец а два дуели завршија нерешено.

За Стојановски ова е прв натпревар за Ним во стартните 11 кога се во прашање пресметките од францускиот шампионат.