По двата стартни порази во новата сезона во Бундеслигата, Мајнц се раздели со тренерот Ахим Бејерлорцер, соопшти клубот попладнево.

Мајнц во саботата загуби дома со 4-1 и тоа означи крај на соработката со Бејерлорцер, кој стигна во Мајнц кон крајот од минатата година и го спаси клубот од испаѓање.

До именување на нов тренер екипата ќе ја води неговиот асистент Јан- Мориц Лихт.

Ова е втора тренерска жртва во Бундеслигата во оваа сезона, откако претходно во неделата отказ доби и Давид Вагнер од Шалке.