Второлигашот Осогово со објава на Твитер му даде целосна поддршка на Вардар во борбата за изнаоѓање на решение да обезбеди лиценца за настап во натпреварувањата на УЕФА.

Вардар направи многу за фудбалот во Македонија, ред е да му се помогне, се вели во ставот на ФК Осогово на Твитер.

Вардар се бори да ги затвори долговите и да обезбеди лиценца за настап во Лигата на шампионите, спонзорот Сергеј Самсоненко се повлече од клубот и гопредаде на Град Скопје.