Струга Трим Љум остана без предводник, откако Јетон Беќири си поднесе оставка по низата лоши резултати во пролетниот дел од сезоната, но Стружани брзо најдоа негова замена.

Станува збор за Срѓан Захариевски кој во минатот го носеше дресот на националната репрезентација. 46-годишниот Захариевски во својата кратка тренерска кариера ги водеше тимовите на Металург Скопје и Пелистер.

Раководството на Струга од Захариевски очекува да ги оствари амбициозните планови на овој клуб.