Николо Заниоло и Ченгиз Ундер ги продолжија договорите со Рома.

Клубот официјално соопшти дека двајцата фудбалери ги потпишале новите договори.

Заниоло со Рома го продолжил договорот на пет години, до 2024, а по одличната сезона доби и зголемување на платата од 700.000 на 2,5 милиони по сезона плус бонуси.

Дваесет и две годишниот турски интернационалец, пак со Рома потпиша до 2023 година. Во клубот тој се приклучи пред две години, досега имаше 65 настапи и постигна 14 голови.