Состанокот меѓу Македонските фудбалки прволигаши и второлигаши и ФФМ започна на кој ќе се разговара околу следните  чекори поврзани со можниот рестарт на сезоната. Овој состанок се одвива на отворено на еден од помошните терени во комплексот на ФФМ.

Домашното фудбалско првентво е во прекин од 12 март поради пандемијата од Ковид-19. Владата сеуште нема дадено дозвола за одржување на групни тренинзи, а клубовите немаат решено дали ќе можат да ја доиграат оваа сезона.

 

Постојат повеќе опции, од прогласување на шампион без испаѓање, притоа сезоната да не се доигра, па до проширување на Првата лига на 14 клубови. Останува нејасно и кој би ја представувал Македонија во Европските купови на УЕФА, откако Вардар ја изгуби лиценцата.