Здравко Мамиќ за низа српски медиуми ја коментираше ждрапката за пелј офот од Лигата на шампионите, на која стана јасно дека големи се шансите да има дуел меѓу Динамо и Црвена Звезда во оваа фаза.

Бегалецот од хрватската правда очигледно не бил задоволен од насловите на тие текстови, па на Фејсбук објави девет точки како би се пресметал со медиумите.

„Денеска на темата потенцијален натпревар меѓу Динамо Загреба и Црвена Звезда во Лигата на шампионите, за медиумите дадов десетици и десетици изјави. Како и секогаш, останав фрапиран од насловите и конструкциите во одредени хрватски медиуми, па поради сите оние кои го сакаат овој спорт, а не непостоечките интриги, одлучив се да им поедноставам и нацртам:

1.Мојот жвиот е посветен на Динамо. Јас сум навивач на Димано. Јас сум апостол на Динамо!

2.Динамо е најдобар клуб во овој дел од Европа.

3.Динамо ќе избори групна фаза во Лигата на шампионите.

4.Навивам за сите хрватски клубови во Европа и на сите им посакувам успех.

5.Сите клубови од овие простори лично ми подраги отколку казахстански, шајцарски или други клубов. На сите исто така им посакувам успех во Еворпа, од Албанија до Словенија, но не против Динамо!

6.Не можете вие толку глупи наслови и манипулации да измислите, колку што јас можам да ги простам.

7.Тргнете се од дежурните паликуќи, националисти и евтини продавачи на кликови, навивајте за дубар фудбал, почитување на туѓиот успех и цивилизирано навивање. Да му покажеме на светот дека сме над примитивизмот! На теренот нека победи подобриот!

8.Ако на фудбалскиот терен сакате почитување од противникот, почитувајте го противникот.

9.АЈМОООООООООО ДИНАМО“ – напиша Здравко Мамиќ.