Откако успеа да се врати во полн ритам, Жервињо реши да ја испочитува до крај управата на Парма и да ги отфри сите понуди за трансфер.

Крилниот напаѓач стави потпис на нов договор со кој се обврза на верност до 2020 година. Жервињо има 32 години и најверојатно кариерата ќе ја заврши на „Енио Тардини“, прогнозираат медиумите од Италија.