Парма победнички ја започна новата сезона во Италија откако славеше во дуелот со Венеција 3:1 во 1/32 финалето од националниот куп.

Жервињо постигна два гола а учествуваше во акцијата за реализицијата на Лакопони. За Венеција прецизен беше Арами од пенал. Македонскиот интернационалец, Дејан Кулушевски го одигра целиот натпревар за Парма.

Парма со ова најави дека во новата натпреварувачка година размислува повеќе од чист опстанок во Серија А.

Жервињо одново ќе биде главниот играч на „млекарите“ ако не се случи до крајот на летниот преоден рок да го напушти клубот каде ја врати формата по заминување од Рома и преминот во Хебеи.

Во воведното коло од новата сезона во Серија А, Парма на 24 август ќе го пречека Јувентус на „Енио Тардини“.