Манчестер Јунајтед не успеа да го совлада Шефилд Јунајтед на денешното гостување, натпреварот заврши 3:3 иако „Ѓаволите“ се вратија од 2:0, поведоа со 2:3 и дозволија израмнување во 90 минута.

На трибините на „Брамал Лејн“ беа присутни поранешниот дологодишен предвоник на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, неговата десна рака, Дејвид Гил и сегашниот извршен претседател на „Ѓаволите“ Ед Вудворд.

Според островските медиуми по завршувањето на средбата, тројцата влегле во сериозна дискусија за тоа дали Солскјер треба да остане на кормилото на Јунајтед.

Во најмала рака, скандалозен е односот на Вудворд кој ако ништо повеќе, не смее да повишува тон пред легендите на клубот кои се заслужни за моменталната слава во која ужива Јунајтед.

Неофицијално, Фергусон смета дека неговиот „џокер“ треба да добие уште време додека Вудворд полека размислува за промени а цели на ангажман на поранешниот тренер на Тотенхем, Маурицио Покетино.