Откако и официјално беа пуштени во продажба билетите за натпреварот меѓу Македонија и Косово од полуфиналето од Лига на нации закажан за 26 март, голем број поддржувачи на двете репрезентации вчера и денеска набавија билети за историската пресметка на „Тодор Проески“.

Сите заинтересирани на билетарата на Арената „Тодор Проески“ може да си купат билети од 10 часот до 18 часот секој работен ден.