Тренерот на Реал Мадрид, Зинадин Зидан, стана дел од сообраќаен инцидент.

Зидан со своето Ауди се судри со друго возило непосредно пред тренинг-базата на Реал. Тренерот на Реал не е повреден, но е оштетено неговото возило.

Зинадин Зидан на лице место ги реши осигурителните работи со возачот на другото возило и си замина.