Борусија Дортмунд на својот Твитер профил објави дека Марио Геце по крајот на сезоната ќе го напушти клубот. Германецот во дресот на „милионерите“ настапи вкупно осум години во два мандати на кои постигна 45 погодоци.

Тој измеѓу двата мандати во Борусија, го носеше дресот на „баварците“ одлука која најверните фанови на Дортмунд не му ја опростија.

За потсетување Геце е стрелец на победоносниот гол за Германија против Аргентина во финалето од СП во Бразил 2014 година.