Александар Васоски може да биде задоволен од исходот во дербито со Академија Пандев. Црвено-црните ја добија трката и се зацврстија на врвот на табелата во ПМФЛ.

Прославата на победата но и на позицијата на табелата беше еуфорично прославена меѓу фудбалерите но и навивачите на Вардар кои денеска беа присутни на трибините на нашиот најголем стадион.