Ренова на Вардар им го нанесе третиот пораз на лидерот на табелата во сезоната, откако тетовци славеа со 2-0 во рамки на 22.коло од Првата лига на Македонија.

 

Херој за домаќините беше играчот од средниот ред Арџен Гафури кој беше автор на двата погодоци од кој едниот со удар од белата точка.

За Ренова ова беше прв триумф против Вардар по пауза од нешто повеќе од една година.