ФФМ вечерва ги прогласи најдобрите за изминатата сезона, според гласовите, Висар Муслиу  е најдобриот фудбалер во ПМФЛ, тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски е прогалсен за најдобар тренер.

Елиф Елмас е наш најдобар репрезент во странство, играчот на Наполи сосема заслужено го доби ова признание. Стефан Ристовски е добитник на наградата за посебен придонес за развој на македонскиот национален репрезентативен фудбал.

Репрезентацијата до 19 години ја доби наградата за пласман во елитната фаза во квалфикациите за Е вропското првенство, а е предводена од Горан Станиќ.

Ивана Пројковска, ФК Дарданет и Љупчо Перински ја добија наградата за посебен придонес во афирмација и развојот на фудбалот.

Најдобра наша фудбалерка е Ленче Андреевска, а најдобар тренер во женскиот фудбал е Илија Мандаров од ЖФК Драгон, додека најдобар стрелец Ели Јаковска од ЖФК СЦ Истатов.

Џемал Ибиши од ФК Вардар е наш најдобар млад фудбалер, најдобар клуб во младинскиот фудбал е ФК Шкендија, Филип Деспотовски од Вардар е најдобар тренер  кај младинците.

Посебен придонес во македонскиот фудбал е нагрдата која оди во рацете на Алтрим Чура од Струга ТЛ. Кочо Анѓушев ја доби нагрдата за посебен придонес во македонскиот фудбал, инаку главен спонзор на ФК Борец.

Најдобар судија е Марјан Гоцевски, најфер екипа е Академија Пандев. Напаѓачот Влатко Стојановски е најдобриот стрелец за сезоната 2018/19.

Спортскиот новинар, Атанас Костовски – Таско доби награда за животно дело.