Келн загуби од Волфзбург со 2:1 во воведното коло од новата сезона во Бундеслигата но, Беиерлорсер покажа дека оваа година ќе му дозволи на Дарко Чурлинов да ги покаже своите фудбалски квалитети.

Поминаа четири години од последниот настап на наш репрезентативец во најсилното фудбалско првенство во Германија. Подзаборавивме како е да гледаме Бундеслига ,а притоа да имаме можност да навиваме за Македонец. Чурлинов е горд на успехот а тоа го потврди и за Дриблинг.мк.

Чурлинов е 18 играч од Македонија кој настапи во Бундеслигата, пред четири години играше Николче Новески а ги паметиме и настапите на Дарко Панчев, Саша Ќириќ, Тони Мицевски, Игор Митревски, Александар Васоски….