Еден од столбовите во одбраната на шампионит Јувентус, Џорџо Кјелини, ја санираше повредата и се врати на тренинг.

Тренерот Маурицио Сари го стави на листата за настап во Лигата на шампионите, можно е да настапи против Лион на 26 февруари или против Интер на 1. март по санирњето на повредата.

Кјелини беше опериран во септември минатата година, се повреди на тренинг пред натпреварот со Наполи и сега се враќа во составот на „старата дама“.