Искуството пресуди, ова беше клучниот коментар на селекторот Ангеловски по поразот од Полска во Варшава.

Македонските фудбалери се бореа, одиграа најдобро што можат, но тоа не е доволно, не за освојување на бодови против репрезентација во која играат напаѓачи од рангот на Левандовски и Милик. Домаќините победија со 2:0 а на нас ни остана само желбата за продолжување на низата без пораз на гостувањата во овој циклус квалификации.

Битка во Варшава донесе девет жолти картони, шест за нашата репрезентација.