Македонската фудбалска репрезентација утринава ги финализираше последните подготовки  за дуелот со Словенија во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2020.

На нешто повеќе од 24 часа македонските репрезентативци во полна пареа и одлична атмосфера се подготвуваат за најважниот меч од овие квалификации. Во случај на победа Македонија ќе се врати во игра за второ место во групата, кое во моментот го држи токму Словенија.

Словенците имаат 11 бода, а ние имаме 8 по 6 кола од овие квалификации. Полска е на врвот со 13 поени, а шанса за пласман на континенталниот собир гледаат и Австрија со 10 поени и Израел кој има идентични 8 бода колку и Македонија. Без шанси за пласман на ЕП е Летонија која нема ниту еден освоен бод.