Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години славеше против Луксебург со 3-0 во меч од квалификациите за пласман во елитната фаз, а кој се одигра стадионот „Петар Милошевски“.

Нашите надежи ја оправдаа фаворитската улога против Луксембург и колку толку ги залечија раните од убедливиот пораз од Англија пред само неколку дена.

Македонија резултатот го отвори во финишот на првиот дел со голот на Дарко Тошевски во 44 минута, а само минута подоцна во судиското продолжение преку Воша ја дуплираа предноста и практично го решија победникот. Третиот гол беше дело на Мурати во 80 минута.

За Македонија ова беше прв триум во третиот меч, откако претходно ремизираа со Босна и Херцеговина, а загубија од фаворитот Англија, селекција која минатата година ја совладавме со победата од 2-0.

Англија ја совлада БиХ со 4-1со што и направи услуга на Македонија за пласман во Елитните квалфикации за Европското фудбалско првенство.