Македонските репрезентативци по вчерашниот тренинг на еден од помошните терени, утринава истрчаа на Националната арена во Варшава каде го одржаа вториот тренинг.

Токму тука цела македонска јавност се надева дека утре нашите фудбалери ќе стигнат до нова победа која ширум ќе ни ги отвори вратите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Притисокот на овој меч е на фудбалерите на Полска кои влегуваат како фаворити, ситуација која ние со паметна игра може да ја искористиме во наша полза. За напомена Македонија ако не оствари пласман преку овие квалификации ќе има втора шанса и тоа преку Лигата на нации.