Македонскта млада фудбалска репрезентација неочекувано загуби два бода против Казахстан и не успеаа да стигнат до третата победа во исто толку меча.

Младите надежи одиграа две спротивно диаметрални полувремиња. Во првото ја имаа контролата врз играта и резултатот, а во него успеавме да поведеме со 1-0, но во вториот дел без потреба им ја препуштивме играта на гостите кои во последната четвртина од мечот не казнија и дојдоја до вреден бод.