Селекторот на најсилната фудбалска репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски во комплетен состав одржа тренинг во Израел.

За два дена Македонија ќе го одигра натпреварот со Израел на стадионот „Тото Турнер“ во Бер Шева и сака три бода од ова гостување.

Дриблинг.мк

Атмосферата во тимот по комплетирањето е уште подобра, сите со нетрпение го очекуваат мечот в четврток.

Израел и Македонија се среќаваат во Беер Шева на 5 септември, натпреварот започнува од 20-45 часот со пренос на Спортклуб.

ФОТО: ДРИБЛИНГ.мк