Австрија го потврди второто место во групата Г во евроквалификациите со победата над Македонија од 2:1 на домашен терен. Учеството на ЕУРО 2020 ќе беше обезбедено и со бод, но Австријците освоија три бода.

Ние настапивме со двајца дебитанти во почетниот состав, уште двајца добија шанса од клупата, а без минути остана капитенот Горан Пандев.




Позитивната работа од овој натпревар е моментот на деби со гол на Влатко Стојановски.


Имавме и поддршка од трибини на кои доминираа над 40 000 навивачи на Австрија.





Следен предизвик за Македонија е дуелот со Израел закажан за во вторник на „Тодор Проески“ во Скопје.