Mакедонската фудбалска репрезентација отпатува за Виена каде утре вечер им гостуваат на Австрија во рамки на претпоследното коло од квалификациите за ЕП 2020.

Избраниците на Игор Ангеловски на ова тешко гостување влегуваат како аутсајдери и без притисок, откако шансите за пласман на континенталниот собир ќе ги бараме преку Лигата на нации каде по вчера е познато дека ќе се соочиме со Косово.

За мечот со Австрија во нашата селекција се враќа Барди кој не беше дел од дуелите во октомврискиот квалификациски прозор поради повреда.

Македонија на првиот меч во Скопје против Австрија го доживеја најубедливиот пораз во овие квалификации со 1-4, а реваншот во Австрија е одлична шанса да им ги помрсиме сметките на домаќините на кои им е потребно и реми за да го заверат својот пласман на ЕП.

Претходно од групата Г тоа го направи Полска која е на лидерската позиција во оваа група со 19 бода.