Македонската женска сениорска фудбалска репрезентација овој месец ги започнува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.

Македонската селекција е во групата „Д“ со Англија, Австрија, Северна Ирска, Луксембург и Летонија.

Македонските фудбалерки првите мечеви од септемврискиот квалификациски циклус ќе ги одиграат против Англија во Саутемптон на 17. септември од 19:00 часот, додека првиот домашен меч е четири денови подоцна на Националната арена „Тодор Проески“ против Австрија.

 

„Не очекуваат два многу тешки натпревари. Ги знаеме добро квалитетите на двете селекции, посебно на Англија, која е апсолутен фаворит во групата, но верувам дека имаме сили и во рамки на нашите можности достојно ќе се обидеме да се спротивставиме на двете репрезентации. Целта е да извлечеме поволен резултат од двете пресметки“, изјави македонскиот селектор Кирил Изов пред стартот на новиот мундијалски циклус.

 

 

На списокот на Изов за двата воведни дуели се најдоа 23 фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Суарта Речи (АС Унитед), Верица Колевска (Скопје 2014);

Одбрана: Павлинка Николовска (Каменица Саса), Елена Панеска (Каменица Саса), Ане Бошеска (Тиверија), Јулија Живиќ (Љуботен), Положани Синдис (АС Унитед), Теодора Јанковска (Деспина), Катерина Милеска (Деспина), Сара Коларовска (Скопје 2014);

Среден ред: Јана Чубриновска (Деспина), Александра Марковска (Скопје 2014), Елена Петровска (Скопје 2014), Драгана Гегова (Скопје 2014), Сара Велкова (Тиверија), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија);

Напад: Теодора Димоска (Тиверија), Илза Максути (АСС Унитед), Радица Чонева (СЦ Истатов), Рабија Дервиши (Скопје 2014), Хава Мустафа (Шкендија), Гентијана Рочи (Купс, Финска).