Mакедонската фудбалска репрезентација пристигна во Виена каде утре против Австрија ќе го одиграат претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП во 2020 година.

 

Македонските фудбалери во овој меч влегуваат далеку поопуштени за разлика од претходните дуели на кои се обидувавме да стигнеме до втората позиција на која се наоѓа Австрија, но од тоа се чини нема ништо бидејќи на Австрија во последните две кола и треба само еден бод за да го завери своето учество на ЕП.

Фудбалерите по фотографиите може да се виде дека се спремни за предизвикот наречен Австрија која единствено само таа не надигра во овие квалификации на првиот меч во Скопје на кој славеја со 1-4.

Дуелот меѓу Австрија и Македонија се игра утревечер со почетоко од 20 часот и 45 минути.