Фудбалерите на Ривер Плата се пласираа во финалето на Копа Либертадорес и покрај поразот на реваншот од Бока Јуниорс  со 1-0, клучна беше предноста од 2-0 на првиот натпревар.

Вкупно 50.000 навивачи на славната „Бомбоњера“ го следеа дербито меѓу двата големи ривали, атмосферата величенствена и „жешка“ како и секогаш кога играат Бока Јуниорс и Ривер Плата.