Во последните две години родендените на фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, станаа култни настани познати по својата екстраваганција и раскош.

Минатата година тој организирал голема веселба на која се беше во знакот на црвената боја. Оваа година тој се реши да изнајми локал во близина на Ајфеловата кула, а своите гости ги обврза да дојдат облечени исклучително во бела боја.

Тоа што остави впечаток се отсуствата на тренерот Томас Тухел, спортскиот директор Леонардо и на претседателот Насер Ал-Хелаифа.

Нејмар пристигна меѓу последните.

И неговиот татко дојде во бело.

Како и соиграчите и бројните гости.