Вообичаеното загревање пред почетокот на натпреварот на Националниот стадион во Варшава минува во знакот на капитенот и заменик капитенот.

Пандев се обидува да ги смири помладите, да ги ослободи од притисокот додека неговиот заменик, Стефан Ристовски се обидува да фати ритам по исцрпувачкиот дуелот со Словенија.

Елмас и останатите ги следат инструкциите на Јовановски Карас кој како и секогаш, го бара максимумот од нашите момци кои наскоро ќе истрчаат против Полска со желба за победа и нови три бода во трката за пласман на ЕУРО 2020.