Екипата на Пелистер од Битола, на која пред натпреварто не му “даваа“  никакви шанси, со гол во самиот финиш освои бод а натпреварот заврши 1-1 на стадионот Петар Милошевски.

По четирите порази во низа на гости, момците на Димитар Капинковски против „романтичарите“ долго време бркаа негатива, промашуваа зицери и на крај среќата ги награди со погодок во судиското надополнување.

Битолчани и покрај ремито останаа на дното на табелата.