Нема повеќе време и простор за калкулации, нашите најдобри фудбалери се пред клучниот предизвик во битката за пласман на ЕП во 2020 преку редовните квалификации.

Комплетни, без посериозни проблеми, освен со формата на Стефан Ристовски, нашите репрезентативци го одработија првиот тренинг пред дуелот со Словенија закажан за во четврток.

Поради повреда од комбинација за настап испаднаа Енис Барди и Дарко Велковски а за пресметката со Словенија суспендиран е Бејтулаи.

По натпреварот во четврток на „Тодор Проески“ на 13 октомври, Македонија ја очекува следниот евроквалификациски предизвик во Варшава против Полска.