Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, мотивирана го очекува утрешниот евроквалификациски натпревар против Казхстан.

Селекторот Благоја Милевски го предводеше денешниот тренинг на тренинг комплексот на ФФМ.

Македонската репрезентација по воведните две кола има максимални шест бодови по домашниот триумф со Фарски Острови од 7:1 и победата во Подгорица против Црна Гора од 2:1.



„Ги оставаме зад нас првите два натпревари во кои остваривме две победи. Секогаш е специфично да се добие натпревар против противник за кој јавноста смета дека ќе биде лесно. Казахстан воопшто не е наивна репрезентација, играат брзо, тактички се одлично подготвени и мораме да бидеме многу внимателни и добри во дуелите доколку сакаме победа. Наше е да го одиграме тоа што го бара селекторот, а доколку успееме во тоа, мислам дека сме на прав пат.“ – изјави нашиот репрезентативец, Агрон Руфати.