ФУдбалерите на Шкендија, обезбедија полуфинале во Купот на Макеонија, откако на Арената „Тодор Проески“ против Работнички одиграа 2-2 кои беа доволни за пласман понатаму.  За потсетување првиот меч во Тетово заврши 1-1, а голот повеќе на гости на тетовчани им обезбеди ново полуфинале во националниот Куп.

Тетовчани во финишот на првиот дел дојдоа до предност со голот на Нафиу, резултат со кој се замина на пауза. Најсодржаен дел од второто полувреме беше периодот од 72 до 75 минута.

 

„Дебармаалци“ прво израмнија, но нивната радост кратко траеше, откако актуелниот шампион дојде до втор гол кој практично значеше крај на надежите на домаќините. Работнички во 85.минута стигна до израмнување, но не и до целосен пресврт кој им беше потребен за пласман во полуфиналето.