Фудбалерите на Работнички и Силекс одиграа 1-1 во рамки на 17.коло од Првата лига на Македонија. „Романтичарите“ не успеаа да стигнат до новиот последовен триумф и покрај тоа што во поголемиот дел од мечот ја имаа контролата врз резултатот и играта.

 

„Дебармалци“ со голот на Иван Марковиќ во 14 минута го отворија резултатот и беа далеку подобар противник на мечот. Сепак, гостите од Кратово во вториот дел ја чекаа својата шанса и со голот на Џуриќ во 61 минута стигнаа до израмнување, резултат кој беше и конечен.

По 17 кола Работнички е на последната позициа со 15 бода, додека Силекс е четврти со 24 поени. Во следното коло скопјани гостуваат кај Ренова, додека Силекс ја дочекува Акдемија Пандев.