Фудбалерите на Работнички конечно триумфираа во Прва фудбалска лига на Македонија по победата на домашен терен против Борец од 2-1.

„Романтичарите“ со овој триумф ја прекинаа црната серија од 6.натпревари без победа. Домаќините резултатот го отворија во 37 минута со голот на Дарко Тошевски, а мечот го решија во 60. со погодокот на Виктор Велковски. Гостите од Велес веднаш по голот на Велковски намалија преку Прелчец со удар од белата точка, но не успеаа да го избегнат поразот.

По ова 16.коло и двете екипи останаа на последните две позиции, но сега Работнички е на само два бода негатива од Борец, а пред нив се наоѓа Ренова со 18 поени.