Дербито во Ѓорче Петров донесе израмнет фудбал без голови и по бод за Македонија и Шкендија во 12. коло.

Ова беше единствениот натпревар денеска без голови, и двете екипи имаа свои шанси, најубавата ја имаше Јашароски кај Македонија Ѓ.П. кој не искористи зицер.

Екипата од Ѓорче Петров со 17 бода  се искачи на третото место, Шкендија со 15 бода се наоѓа на шестото место.