Нути Александар Таневски не е семоќен, по само два дена минати во Струмица новиот стратег на Академија Пандев мораше да се помири со стартен пораз.

Работнички со голот на Влекоски славеше со 1:0 и со ова ја продолжи позитивната низа под водство на Достаниќ.

На „Тодор Проески“ немаше многу атрактивен фудбал а за ова придонесе и дождот. Академија Пандев последен пат победи во ПМФЛ во октомври минатата година, следната шанса за прекин на низата без триумф ќе ја има во следното коло против Ренова во Струмица.

Во продолжение погледнете го и голот на Велкоски за кој има низа реакции дека е постигнат од офсајд.