Дерби мечот од 9 коло во Македонската прва фудбалска лига меѓу Шкендија и Вардар заврши без голови. Во не толку содржаен меч Вардар успеа да одолее на спорадичните напади на Шкендија, која топката ја имаше повеќе во своите нозе. Ова е трето последователно реми меѓу овие екипи.

Со ова реми „црвнео-црните“ ја прекинаа победничката серија од 6 натпревари, но и покрај тоа останаа на лидерската позиција по 9 одиграни кола со 20 бода, пред Академија Пандев кои имаат 18. Шкендија се наоѓа на 6 позиција со 11 поени.