Еден од најголемите таленти во Франција,  Абубакер Ес Сахел е нов фудбалер на Шкендија. Младинскиот репрезентативец на „триколорите“ доаѓа од Генгамп, а игра на позицијата офанзивен играч за врска.

Ова за тетовчани е петто и  најголемото засилување зимава со кое го затвораат трансфер пазарот во јануарскиот преоден рок. Тој за акутелниот македонски шампион потпиша договор до летото 2023 година.

 

„Ме заинтересира овој клуб откако ги видов нивните освојувања на титули во првенството и во Купот, потоа играњето многу мечеви во Европа, пред се во плејофот за Лига Европа и тоа е најдобриот клуб во Македонија. Одлично сум примен и се надевам дека ќе оставам белег. Јас можам само да ветам дека ќе дадам сè за црвено-црниот дрес и за овој клуб“ -изјави Ес Сахел.

Претходно за него интерес покажуваа и тимови како Бенфика, Аталанта и Вулверхемптон.