Фудбалерите на Шкендија во дерби пресметката против Вардар од осминафиналето на Купот на Македонија излегоја како победници по денешната реванш средба на која триумфираа со 1-0.  Стрелец на голот беше Агим Ибраими во 74 минута.

 

Тетовчани ја искористија предноста на домашниот терен и го заверија своето место меѓу 8. најдобри, откако во првиот меч во Скопје одиграа 2-2.

Во четврфиналето Шкендија влегува како една од  главните екипи за освојување на титулата во националниот куп.