Фудбалерите  Шкендија со голот на Агим Ибраими во 91 минута славеа со 1-2 против Работнички во последниот меч од 14 коло од Прва фудбалска лига на Македонија.

Првите два погодоци беа видени во првите 20.минути. Домаќините го отворија резултатот во 6.минута со голот на Николче Шаркоски, но Шкендија брзо се врати во игра со голот од белата точка на Агим Ибраими. Работнички последните 15 минути ги одигра со фудбалер помалку по исклучувањето на Силјановски кој заработи два жолти картони, а тоа Шкендија го валоризираше и со вториот гол на Ибраими во финишот на мечот стигна до значајни 3 бода.

Шкеднија ја продолжи низата на победи во дуелите против Работнички, а таа во моментот изнесува 6. меча на кои тетовчани го освојуваат целиот плен.

Со оваа победа Шкендија е на 3.позиција со 21 бод, додека Работнички остана на последната позиција со само 11 поени.