Шкупи ја совлада Шкендија со 2-0, решавачки головите на Јурина во второто полувреме, трагичар Бесарт Ибраими кој не искористи пенал во првото полувреме.

За Шкупи ова е четврта победа во осмиот настап сезонава со која се искачи на третата позиција на табелата, шампионот Шкендија падна на петото место.

Ќатип Османи ја запиша првата победа на клупата на Шкупи и тоа против својата Шкендија.