Шкендија со мала предност ќе го дочека реваншот со Вардар во 1/8 финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Ова откако актуелниот првак во ПМФЛ ремизираше на „Тодор Проески“ 2:2, водеше по првото полувреме а на крајот непоразен си замина од гостувањето во Скопје.

Натпреварот на нашиот најголем стадион го одбела тактичка битка, повеќе сериозни стартови, четири гола и два црвени картони.

Реваншот на градскиот стадион во Тетово ќе се игра на 30 септември.